Сметки за правни лица

Трансакциската сметка е повеќевалутна сметка која задолжително мора да ја поседува секој граѓанин како и секое правно лице. Трансакциската сметка служи за евиденција на секој денарски или девизен промет кој го извршува правното лице во земјата.

Транскациска сметка можат да отворат сите правни лица со седиште во Република Македонија, како и странски правни лица кои согласно законската регулатива имаат третман на резиденти

  • ДоверливостСите податоци кои се однесуваат на Вашата трансакциска сметка се строго доверливи и се чуваат во тајност, истите можат да Ви се соопштат само Вам или на лицето кое ќе го ополномоштите да ракува со Вашата сметката
  • ОвердрафтСо отворање на трансакциска сметка добивате можност за Дозволено пречекорување на Вашата сметка
  • 24 часаМожност да располагате со своите средства 24 часа секој ден во неделата преку услугата на електронско банкарство.
  • Траен налогСекој имател на трансакциска сметка во Еуростандард банка, има можност за користење и на траен налог
  • Повластени каматни стапкиСо отворање трансакциска сметка во Еуростандард банка, добивате можност за повластени каматни стапки