Документарно гаранциско работење

Еуростандард Банка ги издава сите видови гаранции, како и краткорочни и долгорочни гаранции со рок на доспевање до една и над една година.

ДЕНАРСКИ ГАРАНЦИИ

Банкарската гаранција претставува инструмент за обезбедување со кој Банката како гарант се обврзува на исплата на одредена сума средства во полза на корисникот на гаранцијата, доколку должникот во предвидениот рок не исполни некоја од обврските наведени во гаранцијата.

  • Платежни гаранции
  • Гаранција за сите видови плаќања
  • Гаранција за добро извршување
  • Гаранција за учество на лицитација
  • Гаранција за враќање добиен аванс
  • Гаранција за обврски во гарантен рок
  • Гаранција за обезбедување на царински долг
  • Други видови гаранции во согласност со потребите на клиентите
ДЕВИЗНИ ГАРАНЦИИ

Ностро-девизните гаранции претставуваат инструмент за обезбедување што се издава во полза на странски правни лица. Со овој инструмент, странската компанија се обезбедува дека тогаш банката која ја издала гаранцијата, односно Еуростандард Банка, ќе ја обесштети во висина на гарантираниот износ, доколку домашното правно лице: не му плати за купена стока или извршена услуга во определениот рок; не изврши одредена чинидба според утврдените услови и рокови; не потпише договор за добиениот тендер; не го врати примениот аванс поради неисполнување на обврските или сл.

  • Гаранција за сите видови плаќања
  • Авансна гаранција
  • Лицитациска гаранција
  • Гаранција за добро извршување
  • Други видови гаранции, во зависност од потребите на клиентите

Лоро-девизната гаранција во најголем број случаи пристигнува преку SWIFT на порака МТ700 или МТ710, но не е исклучена можноста истиот да дојде по пошта или комитентот сам да го донесе (ова единствено во случај кога акредитивот бил издаден на меморандум од странската банка, но во практика ваквиот начин на отворање акредитиви е изумрен). По приемот на акредитивот, се разгледува со цел најнапред да се утврди автентичноста на акредитивот. Доколку не е можно да се утврди автентичноста (што е најчест случај кога акредитивот не е отворен преку SWIFT), за тоа веднаш се известува банката што го отворила акредитивот и истиот не се проследува понатаму.