Logo
Испечатете ја страната

Соопштение за користици на СЦ Нет картички

Со овој допис сакаме да Ве известиме дека заклучно со 31/01/2019 година Еуростандард Банка АД Скопје ја завршува соработката со СЦ Нет Македонија.

На 31/01/2019та година, Вашата СЦ Нет картичка ќе биде затворена и нема повеќе да функционира. Месечниот трошок за членство кон СЦ Нет во износ од 150,00 денари нема повеќе да се задолжува од салдото на Вашата трансакциска сметка.

Трансакциската сметка со која е поврзана Вашата СЦ Нет картичка ќе остане активна и истата ќе може да продолжите да ја користите.

Ве известуваме дека Вашата трансакциска сметка може да се поврзе со Master дебитна картичка издадена од Еуростандард Банка АД Скопје, која е бесплатна картичка и со која може да подигнувате готовина на Банкоматите од сите Банки во Р. Македонија без надоместок.

За таа цел Ве повикуваме да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Еуростандард Банка АД Скопје со цел да ја вратите СЦ Нет картичката и да се информирате за поволностите на актуелните производи и услуги на Банката.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 
 
 
 
© 2012 Еуростандард Банка АД Скопје. Сите права се задржани.