Вработување во Еуростандард Банка

__Вработување__ во Еуростандард Банка

Човечките ресурси претставуваат еден од најзначајните фактори преку кои се определува конкурентноста на компаниите. Затоа, Еуростандард банка АД Скопје посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, преку вработување на најдобриот кадар, постојана грижа и вложување во вработените преку стручна едукација, во насока  на нивни континуиран развој и унапредување во кариерата.

Вработувањето во Банката претставува можност да се биде дел од динамична работна средина, забрзан професионален развој и континуирано стручно усовршување.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од базата на податоци на Банката како потенцијал за идни вработувања, испратете ја вашата апликација/кратка биографија заедно со мотивациско писмо електронски на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на адреса ул. „Никола Кљусев“ бр.2 Скопје – Дирекција за човечки ресурси.

Во случај на потреба од соодветен кадар за работа, Банката врз основа на доставените апликации ќе направи селекција и селектираните апликанти ќе бидат повикани на интервју.

Банката нема обврска да ги извести лицата што доставиле апликација како искажан интерес за работа и учество во формирање база на потенцијален кадар за работен ангажман во Банката.

Напомена:
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строгодоверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на вашата апликација за работа за потребите на Банката, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадар. Банката гарантира дека, освен за наведениот случај, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту, пак, достапни на трети лица.