Управен одбор

на Еуростандард Банка
  • Г-дин Николче Петкоски - претседател на Управен одбор
    2010 Назначен за Претседател на
    Управен одбор на Еуростандард Банка
    Г-дин Николче Петкоски
    Претседател на Управен Одбор

    Кога треба ќе дадеме повеќе, некогаш ќе заработиме помалку, некогаш можеби и ќе загубиме, но нашите клиенти СЕКОГАШ мора да добиваат!
    Се во банката мора да е подредено на нивниот успех!

    Роден е на 28.11.1968 година во Карловац, Р.Хрватска. Дипломира на Електротехничкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Својата кариера ја започнува во 1994 година во тогашна Кредитна банка АД во Битола, како електроинженер во секторот за Информатичка технологија. Во 2001 година доаѓа на место Директор на Сектор за Информатичка технологија и развој на производи во Тетекс-Кредитна Банка АД Скопје, каде што успешно го води овој сектор. На позицијата Директор на секторот за Информатичка технологија и развој на производи останува до 2004 година. Во 2006 година Г-дин Петкоски е назначен за член на Работоводниот орган на Тетекс-Кредитна Банка АД Скопје. Во 2006 година г-дин Петкоски успешно го реализира процесот на спојување на Тетекс-Кредитна и Тетовска Банка, во новоформираната ТТК Банка АД Скопје. По формирањето на ТТК Банка АД, продолжува да ја врши функцијата член на Управниот одбор на Банката. Во Еуростандард банка АД Скопје г-дин Петкоски доаѓа во декември 2009 година, на позицијата Претседател на Управниот одбор, функција што успешно ја извршува до денес.