Имплементирање на технологијата 3D Secure – MC Secure Code

Почитувани Клиенти,

Со задоволство Би сакале да Ве информираме дека Еуростандард Банка АД Скопје од 15.04.2019 година ќе овозможи на корисниците на Master дебитни и кредитни картички највисоко ниво на безбедност при интернет плаќања во земјата и странство.

Со имплементирање на технологијата 3D Secure – MC Secure Code на Вашиот мобилен телефон ќе се испраќа СМС порака со еднократна (ОТП) лозинка со која се врши валидација на интернет трансакциите. Со цел успешно да Ви биде доставена СМС пораката, потребно е да го имате ажурирано Вашиот мобилен телефон. Ажурирањето може да го извршите во најблиската експозитура или шалтер на Еуростандард банка.

За повеќе информации можете да не контактирате на телефонскиот број 02/3249 499 или на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ