НОВО! Дневно-ноќен трезор

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека Еуростандард банка ја воведе 24 часовната услуга дневно-ноќен трезор, преку која деловните клиенти ќе можат да ја депонираат својата готовина во банката во било кое време.

Оваа нова услуга ќе им овозможи на деловните клиенти на банката практично решение за работа со дневните готовински средства, а со тоа и поефикасно искористување на работното време и навремена реализација на обврските од платниот промет. Дневно-ноќниот трезор претставува самопослужен уред-сеф во кој деловните клиенти ќе можат да ги депонираат или уплатат своите средства, во домашна валута на сигурно место и кога ним најмногу им одговара. Особено е погоден за сите деловни клиенти кои секојдневно располагаат со готовински средства, а нивното работно време не соодветствува на работното време на банката.

Депонирањето на средствата во дневно - ноќниот трезор се врши преку внес на готовината во сигурносен сеф, преку надворешниот сигурносен отвор (каса), кој се користи со помош на електронска картичка, која ќе ја добие секој корисник на услугата за негова идентификација. Депонираните средства ќе му бидат достапни на корисникот на дневно-ноќниот трезор на неговата трансакциска сметка, следниот работен ден.

За непречено и сигурно функционирање на дневно-ноќниот трезор, преземени се соодветни безбедносни и сигурносни мерки за зашитита од страна на банката, а во прво време услугата дневно-ноќен трезор ќе биде достапна само во централата на банката.

Оваа услуга промотивно ќе биде бесплатна до крајот на 2017 година.

 


Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ