Безготовински платен промет во Македонска пошта

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве информираме дека услугата безготовински платен промет во земјата на Еуростандард банка АД Скопје, отсега е достапна во нови 36 локации на Македонска пошта. На овој начин Еуростандард банка се труди своите услуги да ги доближи уште повеќе до клиентите, со цел да им го олесни секојдневното работење и да им заштеди време и пари.

Услугата безготовински платен промет ги вклучува:

  • прием на документација за отворање на денарска трансакциска сметка на правно лице,
  • сите видови на безготовински трансакции,
  • печатење на извод,
  • податоци за блокада на сметка

Eдиници на поштенска мрежа на Македонска пошта каде е достапна услугата безготовински платен промет:

р.бПоштенски бројЛокација
11010Скопје - Чаир
21020Скопје - Карпош
31040Скопје -Маџари
41050Скопје - Драчево
51060Скопје -Ѓорче Петров
61106Скопје 6
71000Скопје
81200Тетово
91230Гостивар
106250Кичево
116530Македонски Брод
121250Дебар
136000Охрид
146330Струга
157000Битола
167240Демир Хисар
177310Ресен
187500Прилеп
р.бПоштенски бројЛокација
197550Крушево
201400Велес
211430Кавадарци
221440Неготино
231480Гевгелија
242400Струмица
252420Радовиш
262460Валандово
272000Штип
282210Пробиштип
292220Свети Николе
302300Кочани
312310Виница
322320Делчево
332330Берово
341300Куманово
351330Крива Паланка
361360Кратово

За користење на услугата безготовински платен промет во земјата на Еуростандард банка потребно е само да имате денарска трансакциска сметка на правно лице во Банката. За отворање на ваква сметка потребно е во некоја од наведените локации на Македонска пошта или во филијалите на Еуростандард банка да приложите:

  • тековна состојба од Централен регистар на постара од 3 месеци
  • фотокопија од ЗП Образец од Централен регистар заверен на нотар
  • документ за лична идентификација на управител, сопственик и овластено лице

Сите останати документи потребни за отворање на денарска трансакциска сметка на правно лице можете да ги добиете на веб страницата на Еуростандард банка на следниот линк: eurostandard.com.mk/mk/ostanatiuslugi-pravni/smetki-pr#потребни-документи

 


Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ