Кредит со залог на депозит

Кредит со залог на __депозит__
  • Кредитен калкулатор

    Посакуван износ 30.000 ден.

    Број на месеци 12

    Каматна стапка

    7.26 %

    Месечен ануитет

    6.342

    Вкупно враќате

    107.822

    Вкупна камата

    7.822

  • Линкови десно

Потрошувачки кредит со залог на денарски или девизен депозит

Доколку ви се потребни финансиски средства, а имате орочен депозит, можете да добиете кредит со најповолни услови. Кредитот со залог на депозит е најдобар начин истовремено да вложувате и да ги обезбедите вашите средства.

Кредитот со залог на депозит е најдобар начин истовремено да вложувате и да ги обезбедите вашите средства. Искористете ја заштедата според вашите потреби и желби.

  • Најповолни условиСо залог на денарски или девизен депозит добивате најповолни услови за одобрување
  • 3,0% годишноНајниска каматна стапка од само 3,0% на годишно ниво
  • Брза исплатаСредствата ги добивате веднаш на Вашата трансакциска сметка
  • Без ограничувањаСо залог на депозит можете да добиете износ на кредит без ограничување
  • Маестро дебитна картичкаПри аплицирање за кредит со залог добивате можност за бесплатна Маестро дебитна картичка

Карактеристики на кредитот

  • Максимален износ на кредит до 95% од орочениот паричен депозит врз кој се воспоставува владетелски залог
  • Рок на отплата до истекот на периодот на ороченост на депозитот даден во залог
  • Каматна стапка: до 2-3 процентни поени над каматната стапка што се користи за пресметка на камата на орочениот паричен депозит, променлива согласно измена на каматна стапка на депозитот кој служи како обезбедување
  • Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
  • Надоместоци до 0,3% фиксно, однапред за управување со кредитот, минимум 500 денари

Обезбедување

  • Договор за владетелски залог на паричен депозит
  • Неотповиклива изјава, паричниот депозит да се употреби за целосна наплата на кредитот

Право на користење

  • Физички лица, државјани на Република Македонија

Потребна документација

  • Барање за одобрување на кредит со залог на паричен депозит

НAПОМЕНА:
  • Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит.
  • Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот