Релакс потрошувачки кредит

__Релакс__ потрошувачки кредит
  • Кредитен калкулатор

    Посакуван износ 60.000 ден.

    Број на месеци 12

    Каматна стапка

    7.8 %

    9.9 %

    Месечен ануитет

    6.342

    5.163

    Вкупно враќате

    107.822

    63.169

    Вкупна камата

    7.822

    3.169

    * вредности за првите две години

    СВТ од 7.822 %.

    *Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка.

  • Линкови десно

Потрошувачки кредит со грејс период и без жиранти

Купувањето со ограничен буџет бара компромис меѓу желбите и можностите. Со РЕЛАКС кредитот на Еуростандард Банка, имате можност да добиете кредит без жиранти и вклучен грејс период од 6 месеци.

Со или без жиранти, вклучен грејс период, користење или рефинансирање, РЕЛАКС потрошувачкиот кредит може да ги задоволи сите Ваши желби и потреби

  • Грејс периодСо Релакс кредитот добивате можност за грејс период од 6 месеци
  • Без жирантиМожност за кредит до 300,000 денари без жиранти, а до 900,000 со 1 жирант
  • РефинансирањеМожност за рефинансирање на кредити и картички без надоместок
  • Брза исплата По одобрување на кредитот, средствата ги добивате веднаш на Вашата трансакциска сметка
  • Маестро дебитна картичкаПри аплицирање за Релакс потрошувачки кредит добивате можност за бесплатна Маестро дебитна картичка

 

Карактеристики на кредитот

  • Максимален износ на кредит до 900,000 денари, во зависност од кредитната способност на кредитобарателот
  • Рок на отплата до 95 еднакви месечни ануитети
  • вклучен грејс период од 6 месеци, по избор
  • Каматна стапка: почетна каматна стапка изнесува 7,8% на годишно ниво фиксна за првите две години. По истекот на периодот од две години каматната стапка е променлива изнесува 9,9% на годишно ниво. Променливата каматна стапка се менува согласно измените во  референтна каматна стапка објавена на www.nbrm.mk по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 6.65 процентни поени но не помалку од 9,9% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка
    Усогласување на каматната стапка се врши два пати годишно по истек на полугодие
  • Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
  • Надоместоци до 1,0% фиксно, однапред за управување со кредитот, минимум 1,000 денари, 250 денари трошоци за аплицирање

Обезбедување

  • За износи до 300,000 денари и потребна е меница и менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот
  • За износи над 300,000 денари потребен е дополнително 1 (еден) кредитоспособен жирант

Право на користење

  • Физички лица, државјани на РМ, приматели на плата во Еуростандард  Банка
  • Лица кои користат кредит или се жиранти на кредит во Еуростандард Банка не може да се јават како жиранти на друг кредит
  • Нето платите на кредитобарателот и жирантите не смеат да бидат помали од 10.000 денари

Потребна документација

  • За вработени во приватен сектор да се достави фотокопија од М1-М2 обрасци и рекапитулари за исплата на плата заверени во УЈП за последните 3 месеци како и тековна состојба за фирмата од Централен регистар
  • Во прилог на барањето задолжително да се достават фотокопии од документ за идентификација на кредитобарателот и жирантите

 

НAПОМЕНА:
  • Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит
  • Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот
  • Отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/3 (една третина) од месечните примања на кредитокорисникот