Пензионерски кредит

__Пензионерски__ кредит
  • Кредитен калкулатор

    Посакуван износ 60.000 ден.

    Број на месеци 12

    Каматна стапка

    7.8 %

    9.9 %

    Месечен ануитет

    6.342

    5.163

    Вкупно враќате

    107.822

    63.169

    Вкупна камата

    7.822

    3.169

    * вредности за првата година

    СВТ од 7.822 %.

    *Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка.

  • Линкови десно

Потрошувачки кредит наменет за пензионери

Доколку ја добивате својата пензија во Еуростандард Банка, имате единствена можност за потрошувачки кредит без жиранти прилагоден според Вашите желби и потреби.

Добивате единствена можност за отплата до 73 години

  • До 600,000 денариМожност да добиете потрошувачки ненаменски кредит до 600,000 денари
  • Отплата до 73 годиниМожност за отплата на кредит до 73 години
  • Брза исплатаСредствата ги добивате веднаш на Вашата трансакциска сметка
  • Без жирантиМожност за кредит без жиранти и дополнително обезбедување
  • Маестро дебитна картичкаПри аплицирање за пензионерски кредит добивате можност за бесплатна Маестро дебитна картичка

Карактеристики на кредитот

  • Поединечно одобрен износ: до 600.000 денари во зависност од кредитната способност, при што отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/3 од месечни примања на кредитокорисникот.
  • Рок на отплата 95 еднакви месечни ануитети
  • Каматна стапка: почетна каматна стапка изнесува 6,5% на годишно ниво фиксна за првата година. По истекот на периодот од една година каматната стапка е променлива изнесува 9% на годишно ниво. Променливата каматна стапка се менува огласно измените во референтна каматна стапка објавена на www.nbrm.mk по истекот на полугодие (30.06 и 31.12.) зголемена за +6 процентни поени но не помалку од 9% годишно и не повеќе од законската казнена каматната стапка. Усогласувањето на каматната стапка се врши два пати годишно по истек на полугодие
  • Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
  • Надоместоци 250,00 денари трошоци за аплицирање; до 2,0% фиксно, однапред за управување со кредитот и други трошоци за Банката, минимум 1.000,00 денари;
  • Надоместоци за предвремена отплата на кредитот : без надоместок за предвремена отплата

Обезбедување

  • Меница со менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот и за износи над 120,000 денари, 1(еден) креитоспособен жирант

Право на користење

    • Физички лица државјани на РМ, пензионери кои ја примаат својата пензија во ЕУРОСТАНДАРД Банка

Потребна документација

  • Лица кои користат кредит или се жиранти на кредит во ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД, не може да се јават како жиранти на друг кредит
  • Во прилог на барањето задолжително да се достави фотокопија од документ за идентификација на кредитобарателот
НAПОМЕНА:
  • Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит
  • Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот
  • Отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/3 (една третина) од месечните примања на кредитокорисникот