Станбен кредит

__Станбен__ кредит
  • Кредитен калкулатор
    Изберете валута
    ЕУР
    ДЕН

    Посакуван износ 1.000.000 ден.

    Број на месеци 12

    Каматна стапка

    7.8 %

    9.9 %

    Месечен ануитет

    6.342

    5.163

    Вкупно враќате

    107.822

    63.169

    Вкупна камата

    7.822

    3.169

    * вредности за првите две години

    СВТ од 0 %.

    *Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка. Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга, трошоци за проценка и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот.

  • Линкови десно

    Аплицирај веднаш

Кредит за купување на станбен простор со вклучен грејс период

Купувате стан, градите куќа, создавате свој дом? Станбениот кредит на Еуростандард Банка Ви обезбедува одговор на сите Ваши прашања со поволни и едноставни услови на финансирање и вклучен грејс период до 1 година

  • До 150,000 евраСтанбениот кредит Ви овозможува износ до 150,000 евра во денарски противвредност
  • НаменаСтан или куќа, новоградба или доградба изборот е Ваш
  • Од 5,0% годишно Единствена каматна стапка од 5,0% на годишно ниво
  • До 25 годиниМожност за отплата до 25 години согласно Вашите желби и можности
  • Грејс периодСо Станбениот кредит добивате и можност за грејс период до 1 година

Карактеристики на кредитот

  • Максимален износ до 150.000 ЕУР во зависност од кредитната способност на кредитобарателот
  • Рок на отплата до 25 години, 300 еднакви месечни ануитети
  • Грејс период можност за грејс период во траење од една година
  • Каматна стапка
    • За клиенти со месечни примања во банката каматната стапка изнесува 6,5% за МКД годишно фиксна за првите две години. По истекот на периодот од две години каматната стапка е променлива изнесува 8% на годишно ниво. Променливата каматна стапка се менува согласно измените во  референтна каматна стапка објавена на www.nbrm.mk по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 4,75 процентни поени но не помалку од 8% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка
    • За клиенти кои немаат месечни примања во банката каматната стапка изнесува 6,9% за МКД годишно фиксна за првите две години, По истекот на периодот од две години каматната стапка е променлива изнесува 8,5% на годишно ниво. Променливата каматна стапка се менува согласно измените во  референтна каматна стапка објавена на www.nbrm.mk по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 5,25 процентни поени но не помалку од 8,5% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка
    • За клиенти кои имаат месечни примања во ЕСБ и за кредити со девизна клаузула почетна каматна стапка изнесува 5% на годишно ниво фиксна за првите две години. По истекот на периодот од две години каматната стапка изнесува 7,4% на годишно ниво. Истата е променлива и се менува согласно измените во  шестмесечен ЕУРИБОР објавена на http://www.euribor-rates.eu/  по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 7,67 процентни поени но не помалку од 7,4% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка
    • За клиенти кои немаат месечни примања во ЕСБ и за кредити со девизна клаузула почетна каматна стапка изнесува 5,9% на годишно ниво фиксна за првите две години. По истекот на периодот од две години каматната стапка изнесува 7,9% на годишно ниво Истата е променлива и се менува согласно измените во  шестмесечен ЕУРИБОР објавена на http://www.euribor-rates.eu/  по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 8,17 процентни поени но не помалку од 7,9% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка|

      Усогласување на каматната стапка се врши два пати годишно по истек на полугодие;
  • Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
  • Надоместоци до 1,0% еднократно за управување со кредитот, минимум 1,000 денари
  • Надоместоци за предвремена отплата на кредитот до 2,0% на преостанатиот износ, освен во случај кога клиентот користи нов кредит во Банката

Обезбедување

  • Конституирано заложно право, хипотека на недвижен имот во корист на Банката, во вредност од 120%-150% од вредноста на кредитот.
  • (Доколку продавачот на недвижноста е корисник на кредит во банката вредноста на имотот кој се става во залог треба да изнесува најмалку 120% од вредноста на кредитот, а за останатите вредноста на имотот кој се става во залог треба да изнесува најмалку 150% од вредноста на кредитот)
  • Полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во корист на Банката
  • Меница со менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот и кокредитокорисниците (доколку има)

Право на користење

  • Физички лица, државјани на РМ, кои за обезбедување на кредитот ќе заложат недвижен имот, кој гласи на лично име на корисникот на кредитот или на друго правно или физичко лице.

Потребна документација

  • Имотен лист или лист за предбележување
  • Проценка од овластен проценител
  • Документација со која се утврдуваат месечните приходи на кредитобарателот и кокредитобарателите (доколку ги има) како потврда за просечни месечни примања од работодавецот, договор за закуп заверен на нотар (банката задржува копија), договор за авторски надоместок (банката задржува копија), чек од пензија (банката задржува копија), и останата документација со која се потврдуваат месечните приходи
  • Документ за идентификација (лична карта или патна исправа) на брачниот другар, при што оригинал или фотокопија заверена на нотар се доставува на увид, а фотокопија од исправата за идентификација останува во банката
  • Податоци за продавачот на недвижноста (профактура и преддоговор за купопродажба)

НAПОМЕНА:
  • Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит
  • Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот
  • Отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/2 (една половина) од месечните примања на кредитокорисникот