Промотивен станбен кредит

__Промотивен станбен__ кредит
  • Кредитен калкулатор

    Посакуван износ 15.000 eur.

    Број на месеци 12

    Каматна стапка

    7.8 %

    9.9 %

    Месечен ануитет

    6.342

    5.163

    Вкупно враќате

    107.822

    63.169

    Вкупна камата

    7.822

    3.169

    * вредности за првите три години

СВТ од 0 %.

*Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка. Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга, трошоци за проценка и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот.

  • Линкови десно

    Аплицирај веднаш

  • Кредит за купување на недвижен имот со ЕУР клаузула

    Нов станбен кредит на еуростандард банка со 2,9% годишна каматна стапка за првите две години

    • 150,000 евраМожност за износ до 150,000 евра, во денарска противредност
    • 30 годиниМожност за отплата до 30 години, согласно Вашите желби и потреби
    • Грејс ПериодСо станбениот кредит добивате и можност за грејс период до 1 година
    • 2,9% годишноФиксна каматна стапка за првите 3 години од само 2,9% годишно
    • НаменаКупување на недвижен имот од компании со кои Банката има деловна соработка
    • Рефинансирање Можност за рефинансирање без надоместок

    Карактеристики на кредитот

    • Максимален износ до 150.000,00 ЕУР во зависност од кредитната способност на кредитобарателот
    • Рок на отплата до 30 години, 360 еднакви месечни ануитети
    • Грејс период можност за грејс период во траење до 1 година
    • Каматна стапка: за клиенти кои имаат месечни примања во ЕСБ и за кредити со девизна клаузула почетна каматна стапка изнесува 2,9 % на годишно ниво фиксна за првите три години. По истекот на периодот од три години каматната стапка изнесува 6,9% на годишно ниво. Истата е променлива и се менува согласно измените во  шестмесечен ЕУРИБОР објавена на http://www.euribor-rates.eu/  по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 7,17 процентни поени но не помалку од 6,9% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка. Усогласување на каматната стапка се врши два пати годишно по истек на полугодие
    • Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата;
    • Надоместоци
      • 150 денари трошоци за аплицирање
      • до 1,0% фиксно, однапред за управување со кредитот, минимум 1.000,00 денари
    • Без надоместок за предвремена отплата

    Обезбедување

    • Конституирано заложно право, хипотека на недвижен имот во корист на Банката, во вредност од минимум 120% од вредноста на кредитот,
    • Полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во корист на Банката;
    • Меница со менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот и кокредитокорисниците (доколку има)

    Право на користење

    • Физички лица кои купуваат нефвижен имот од компании со кои Банката има деловна соработка
    • Физички лица, државјани на РМ, кои за обезбедување на кредитот ќе заложат недвижен имот
    • Клиенти кои своите месечни примања ги примаат во Еуростандард банка

    Потребна документација

    • Имотен лист или лист за предбележување
    • Проценка од овластен проценител
    • Документација со која се утврдуваат месечните приходи на кредитобарателот и кокредитобарателите (доколку ги има) како потврда за просечни месечни примања од работодавецот, договор за закуп заверен на нотар (банката задржува копија), договор за авторски надоместок (банката задржува копија), чек од пензија (банката задржува копија), и останата документација со која се потврдуваат месечните приходи
    • Исправа за идентификација (лична карта или патна исправа) на брачниот другар, при што оригинал или фотокопија заверена на нотар се доставува на увид, а фотокопија од исправата за идентификација останува во досието
    • Податоци за продавачот на недвижноста (профактура, преддоговор за купопродажба)